Thursday, June 12, 2014

Facebook страна за борба против оружјето

Денеска регистрирав Фејсбук страна Кажи НЕ за оружјето, според истоимената ТВ серија во моја продукција.
На оваа страна ги поканувам моите пријател(к)и и сите граѓан(к)и да дадат свој придонес кон надминувањето на култот кон оружјето во нашето општество.
Оваа ФБ страна ќе биде простор за сугестии, коментари, фотки, цртежи, слогани и линкови на тема борба против оружјето и оруженото насилство, како и надминувањето на култот кон оружјето. 
Сигурен сум дека оваа ФБ заедница ќе стане видлива и ќе даде придонес кон нашата заедничка цел - мирни и безбедни домови и улици.
Џабир Дерала

No comments:

Post a Comment