Monday, March 5, 2012

Нови предизвици

Конечно, концерт на 
MOOGER FOOGER


петок | 9 март 2012 | МКЦ | 21.00 ч.

Во пресрет на концертот на Mooger Fooger: богатство од инструменти и музички линии, поезија, визуелни ефекти и пораки, голем број учесници, нови изрази и многу возбуда

По промоцијата на албумот „4 Јули“ на Mooger Fooger кон крајот на септември минатата година, бендот се појави во неколку наврати, но со неформални настапи за ограничен број публика. Љубопитноста на публиката за тоа како изгледа овој комплексен музички проект на Mooger Fooger во живо на сцена конечно ќе може да се задоволи. Mooger Fooger настапуваат во живо на 9 март во концертната сала на МКЦ (21ч.).


Фронтменот на Mooger Fooger, Сеад Хаџиќ - Сецко изјави дека најголем дел од креативниот тим на албумот ќе бидат дел од концертниот настап на бендот, што самото по себе е предизвик, со оглед на тоа колкава екипа учествуваше во креирањето на албумот. Во подготовките на овој концерт, таа екипа е уште поголема, а со тоа и содржините кои ќе ѝ бидат понудени на скопската публика. Тие ќе се погрижат за секој детаљ од настапот, почнувајќи од светлото, завршувајќи со изгледот, мејкапот и костимите на тие што настапуваат. Креативците задолжени за визуелниот настап собрани околу овој проект изработија многу интересен концепт и визуелен материјал кој ја поткрепува приказната за овој бенд и неговата долгогодишна музичка авантура.
Самиот бенд засилено се подготвува за настапот со музички проби на кои експериментирањето со звукот не престанува. На некои од пробите, бендот изгледа како да сака да создаде сосема ново дело, користејќи го материјалот на албумот само како појдовна основа, но надградувајќи го материјалот со нови, досега неслушнати содржини.
Публиката од овој концерт може да очекува богатство од инструменти и музички линии, поезија, визуелни ефекти и пораки, голем број учесници, нови изрази и многу возбуда.

Shortcut Production News