Сива сенка во
магливиот самрак
капларот во
каллив стар шинел
опушок од
цигара меѓу жолтите заби
трепери на
студениот перон
во село далеку
од главната пруга
фрустриран
поданик
патетичен и
столчен
сепак...
креатура
крвожедна
со нокти
скршени и болни
но доволно
остри да нанесат болка
ако само се
добере до вагонот на моќта за миг
краток миг на слава
да седиш близу
местото каде големите пци мочаат
фото: Џабир Дерала |
No comments:
Post a Comment