Оваа информација не е точна! Претседателот на СРД тоа може лесно да го утврди со едноставна проверка на документацијата во Советот и да утврди дека проектот „Кажи не на оружјето“ (Кажи ДА за животот) е завршен и дека сите забелешки и корекции побарани од СРД се спроведени.
Проектот се состои од 30 епизоди во кои се зборува за теми од областа на контролата на оружјето и претставува значаен придонес кон напорите за надминување на култот кон оружјето во нашата земја. Проектот е подготвен за емитување подолго време. Тажно е ваков проект да стои затворен во документацијата на СРД во време кога земјата страда од високо развиен култ кон оружјето и оруженото насилство секојдневно ги полни црните хроники.
Продукцијата го тужи Советот за радиодифузија за доплата на остатокот од договорениот износ за проектот.
Џабир Дерала
Продуцент
Дневник, 2 ноември 2012 г., стр. 5 |
No comments:
Post a Comment