Tuesday, April 3, 2012

НЕ СЕГА И НЕ ОВДЕ


Изложба на Мирослав Стојановиќ - Шуки 
Петок | 6 април 2012 | Галерија 7 (Стара Скопска Чаршија) | 20 ч. 




Секогаш нов и непредвидлив, Мирослав Стојановиќ – Шуки ќе ни се претстави со изложбата „Не сега и не овде“ во Галерија 7 (Стара Скопска Чаршија), на 6 април (петок) со почеток во 20 часот. 
Изложбата „Не сега и не овде“ на Мирослав Стојановиќ – Шуки ја сочинуваат 11 ликовни дела во комбинирани техники со мотиви инспирирани од внатрешниот свет на овој ликовен уметник. Тоа е свет кој татни од судири на мислата со емоцијата, студената опсервација на светот и чувството на апсурдот и хаосот.  
Новата серија ликовни дела на Шуки е како продорен поглед на гавранот кој е во бришечки лет високо над површината на земјата, мутиран гавран кој намерно ја губи контролата над својот лет и како клин во небото, час ја скенира планетата Земја, час прави стрмоглав лупинг правејќи фотографија од небото од која се одзема здивот. 
Галерија 7 е простор во кој изложуваат ликовни уметници во последниве 30 години. Тоа беше и остана едно од омилените собиралишта на уметниците кои упорно и доследно го чуваат духот на Старата Скопска Чаршија како културен центар на градот.

No comments:

Post a Comment